Сатеска пресилна за Преспа, реми на Кравари и Демир Хисар со ШЕСТ гола

19-тата рунда во Трета лига – Југозапад денес беше комплетирана, откако вчера Влазними со минимални 1:0 го доби Кораб од Струга во воведниот меч, како што информираше телевизија М Нет.

Денес, Јанг Тим со 2:0 ја доби Иднина Боровец на домашен терен со погодоците на Сеит Крека во 1. минута и Атај Уљо во 11. минута.

Сатеска со 4:0 на домашен терен беше убедлива против Преспа од Ресен. Никола Секулоски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Петрески и Стоески.

Кравари и Демир Хисар одиграа ефикасен меч со шест постигнати погодоци (3:3). Во првиот дел паднаа пет погодоци за водство на гостите од 2:3 на полувреме. За домашниот тим стрелци беа Алимоскии Ристевски, а пак за гостите погоди Јанкуловски и Каревски кој беше двоен стрелец. Во вториот дел Гелевски погоди во 85. минута за конечни 3:3.

Лидерот Новаци во оваа рунда беше слободен, а слободна беше и екипата на Лирија од Грнчари.