
Вчера со два натпревари беше отворено 20. коло од Третата лига – Исток. Во Пробиштип екипата на Рудар со 2:0 ја доби Тиверија од Струмица, натпревар кој беше решен уште во првиот дел.
По само мет минути игра Дарко Анастасовски ја стресе мрежата на струмичани за 1:0, а по три минути Марио Атанасовски ја дуплираше предноста на 2:0. До крајот на мечот мрежите мируваа и на двете страни, па резултат од осмата минута стана конечен 2:0.
Лидерот Осогово ремизираше на гостување во Делчево кај Брегалница играјќи 2:2. Сепак, овој резултат нема влијание, бидејќи „жетварите“ веќе се подготвуваат за баражот преку кој ќе атакуваат на експресен кам-бек во Втората лига.
По само една минута на Градскиот стадион во Делчево, Филип Јованов ја отвори Брегалница со што гостите од Кочани имаа водство од 0:1. Радоста траеше кратко, бидејќи Иван Димитровски веќе 16. минута постигна гол за 1:1. Нат пет минути пред крајот домашниот тим направи комплетен пресврт на резултатот, откако Бојан Петровски погоди за 2:1 на полувреме.
Во вториот дел Осогово брзо израмни на 2:2 со голот на искусниот Тоше Манов. Сепак, до крајот иако и двете екипи имаат свои шанси за погодоци, мрежите беа чисти, па резултатот од 62. минута стана конечен, а овој исход значеше и поделба на бодовите.
Денес ќе биде комплетирано колото со натпреварот помеѓу Карбинци и Вардарски од Богданци, Академија Чешиново-Облешево дома ќе игра со Малеш, а пак Спартмани е домаќин на Дојранско Езеро. Натпреварите стартуваат во 17 часот.