
Шкендија со погодоците на Миелв, Чинари и Рамадани стигна до висок триумф од 3:1 над Македонија Ѓорче Петров, во воведниот меч од 30. коло од ПМФЛ одигран во Тетово.
За „лавовите“ од Ѓорче единствен стрелец беше Самир Фазли, кој погоди во 38. минута од натпреварот.
Шкендија останува и понатаму на второто место на табелата со 54 бодови и ќе се надева на „кикс“ на Струга утре во Штип против Брегалница, со цел да може да има негатива од два бода и да остане во сериозна трка за титулата.
Утре се играат останатите средби. Силекс и Шкупи играат дерби во Кратово, Брегалница е домаќин на лидерот Струга Трим Љум, Победа и Скопје во дерби од дното и Тиквеш против Работнички.