Ристов ќе го суди дербито меѓу Слога и Вардарски во Виница, Костовски главен во Дојран

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 13. коло во Третата македонска фудбалска лига, а во оваа рунда екипата на Ударник ќе биде слободна.

Дербито на колото кое се игра во Виница меѓу ланскиот второлигаш Слога и лидерот Вардарски ќе го суди искусниот Сашко Ристов од Струмица, а дербито во Виница ќе може да го следите ексклузивно во живо преку директен пренос на телевизија М Нет.

Здравко Костовски ќе го суди дербито во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Овче Поле, во Берово ќе се соочат Малеш и Рудар во дерби од дното на табелата, а таму правдата ќе ја дели Петар Михаилов, додека пак во Струмица каде ќе играат Тиверија и Карбинци правдата ќе ја дели Блаже Петковски.

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 13. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Слога – Вардарски, Сашко Ристов (Струмица)
Дојранско Езеро – Овче Поле, Здравко Костовски (Штип)
Малеш – Рудар, Петар Михаилов (Кочани)
Тиверија – Карбинци, Блаже Петковски (Миравци)