
Вечерва новиот шампион во Првата футсал лига на Македонија, екипата на Форца ќе го подигне шампионскиот пехар и со тоа ќе ја испише клупската историја, откако овој клуб за првпат ќе стане шампион на Македонија.
Форца вечерва во Спортската сала „Фаик Коница“ во Слупчане ќе го одигра последниот меч на домашен терен против последнопласираниот Овче Поле, кој патува во Втората лига.
Натпреварот меѓу новиот шампион Форца и Овче Поле од Свети Николе гледајте го во живо преку директен пренос на спортскиот канал М Нет Спот. Покрај натпреварот ќе може да ја проследите и прославата и подигањето на шампионскиот пехар проследено со изјави од играчите.
Вечерва, во 20:30 часот, на спортскиот канал М Нет Спорт, Форца го подига шампионскиот пехар и го испраќа Овче Поле во Втора лига!
Александар Ванев, М-Нет