Калиманци полна 102 милиони метри кубни вода, има доволно за почеток на сеидбата на ориз

Акумулацијата Калиманци има доволно вода за да излезе во престет на претстојната сезона на оризарите од кочанско за наводнување на нивите. Последните врнежи од дожд ја подобрија ситуацијата, велат од кочанската водостопанска подружница Брегалница. Дополнително се работи на чистење на вадите, дел од нив се целосно исчистени со што сеидбата на оризот би требало да започне навремено.

„Последните врнежи од дожд ја подобрија хидролошката состојба. Моментално нивото на вода на акомулацијата Калиманци имаме 102 милиони метри кубни. Полн капацитет е 118 милиони метри кубни вода што сметаме дека ќе имаме добра наводителна сезона. Повеќе од 60% од вадите се исчистени, можам слободно да кажам и по катастарски општини каде 100% е завршено чистењето, во Виница, Јакимово, Зрновци. Во Грдовци, Прибачево, за ден – два завршуваме и таму. Во Кочани продолжуваме “ – вели Богатинов.

Оваа година за 200 хектари ќе се зголемат и површините на ориз во катастарска оптштина Оризари. Оваа одлука е по барање на самите земјоделци. Тенденција е површините да се зголемат и во Подлог.

„Оваа година планираме од ориз да бидат посеани 3700 хекатри, значи 200 хектари повеќе за разлика од минатата година. Површините се зголемуваат по иницијатива на водокорисниците, односно земјоделците. Сега се работи за 200 хектари во катастарска општина Оризари. А, во Облешево се истите површини“ – додава Богатинов.

До крајот на месец април треба да биде пуштена и водата со што може да започне сеидбата на оризот оваа сезона.

Лаура Стојанова, М-Нет