Ристовски со иницијатива за потпишување на меморандум за соработка

После неуспешни две антивладини иницијативи, од страна на ВМРО ДПМНЕ, и Апасиев, кои според претседателот на ИНТЕГРА, не дадоа видлив резултат, од Македонска конзервативна партија со предлог за нова иницијатива, потпишување на заеднички меморандум за соработка и формирање на антивладин фронт, кој ќе го спречи велепредавството на Заев и Социјалдемократскиот сојуз. Ова е заедничка партнерска иницијатива, која има за цел иницирање и покренување на таканаречена татковинска револуција, кажа Ристовски. Со осојузување на горе споменатите партии, би дошло до остварување на веќе споменатите цели. Должностите на партнерите се наведени во самиот меморандум. Активностите се насочени, но не и ограничени на: елиминација на придавката „северна“ од сите официјални документи, прифаќање и изгласување на нов изборен модел, вклучување на дијаспората во изборните процеси и слично, – изјави Љупчо.

Лаура Стојанова М-Нет