
Фудбалските третолигаши од групата Исток во претстојниот викенд на програмата ќе ги имааат натпреварите од 9 коло. Водечката Брегалница во Делчево ќе ја пречека екипата на Раклиш, додека второпласираниот Малеш во Берово ќе се сретне со „фенерџијата“ Василево. Интересно ќе виде и во Свети Николе каде што домашниот тим Овче Поле ќе се сретне со екипата на Чешиново. Нималку интересни ќе бидат и останатите средби кои и овојпат ќе се играат без присуство на публика. Еве ги комплетните парови за ова 9 коло:
- Малеш – Василево
- Карбинци – Спартмани
- Брегалница – Раклиш
- Овче Поле – Чешиново
- Детонит – Работник
- Хоризонт – Тиверија
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 6 декември 2020 г. со почеток во 13.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk