
Ребаланс на буџетот во февруари наредната година, со што повеќе средства се изнудуваат за нови проекти, е предизборното ветување на ИНТЕГРА, Македонска конзервативна партија, доколку за градоначалник биде избран нивниот кандидат Симон Поликарп. Со стартување на проектите, кои ги предлагаат од партијата на ИНТЕГРА, кандидатот за градоначалник Симон Поликарп, ги презентираше и пред јавноста. Нова геотермална зона во близина на Кежовица, со приватно јавно партнерство, надворешни модерни базени, прекрасно уредена околина, модерна агроберза, реновиран спортски аеродром и многу други активности се ветувањата на Поликарп.
Враќање на град Штип како Манчестер на Југоисточна Европа е она што го нуди Поликарп.
Лаура Стојанова М-Нет