
Заменик министерот за еокомија Марјан Ристески ги повика и охрабри младите невработени лица во Штип да ја искористат мерката за самовработување. Од градот по Исарот, денес тој потенцираше дека мерката е започната пред десетина дена, а ќе трае заклучно до петок. Како што тој рече, заинтересираните е потребно да ги посетат подрачните еиници на АВРМ и да се информираат дополнително.
,,Во тек е огласот на едно од најатрактивните популарни мерки, кои што досега во историјата се покажа и има реализација над 70 посто, тоа е мерката самовработување. Мерката е започната пред повеќе од 10 дена, ќе трае до петок. ГИ охрабрувам и повикувам пред се сите млади невработени лица на Општина Штип и околните општините, да ги посетат подрачните единиците на АВРМ, да го искористат рокот и да се пријават.”, рече Ристески
И од агенцијата за вработување, како и агенцијата за поддршка на претпиемништво, истакнаа дека главната цел на оваа мерка е да се намали невработеност, но и да се поттикнат младите и да се создадат одржливи работни места. Како што тие велат во фокусот оваа година се најмладите во државата.
Градоначалникот Иван Јорданов, од таму истакна дека преку ваквата мотивација, младите ќе ја препознаат можноста и ќе отворат пат, кој што ќе создаде вредност во економијата во општествот.
,,Верувам дека преку ваквата стимулација и мотивација , се повеќе младите луѓе ќе ја препознаат можноста и ќе отворат пат, кој што ќе создава вредност во економијата и во општеството.“, рече Јорданов
Инаку, настанот посетата беше во Општина Штип, а на истата присуствуваа многу млади лица, како и студентите при УГД Штип.
Иван Митев, М-Нет