Риниа си поигра со Бутел, БВК Коњаре со „петарда“ за „фенерџијата“

фото: ФК Беса

Денес се комплетираше 8. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, откако истото беше отворено вчера со два натпревари.

Вчера се одигра дербито на колото меѓу Фортуна и Куманово во меч каде гостинот со 1:3 славеше голема победа и се врати на врвот од табелата, а пак Пехчево го доби Петровец со 5:3, за што телевизија М Нет објави детален извештај од овие два натпревари.

Денес во 10 часот наутро се одигра ново дерби меѓу Кадино и Шкендија Арачиново, феноменален натпревар со допадлив фудбал и седум погодоци за уживање на публиката, но и на гледачите на телевизија М Нет, кој преку спортскиот канал М Нет Спорт го следеа овој натпревар во живо. За овој натпревар телевизија М Нет, исто така објави детален извештај.

Риниа ја забележа најубедливата победа во оваа коло откако на домашен терен со високи 6:0 сосема очекувано славеше победа над новајлијата Бутел. Орхан Мифтар постигна хет-трик, два гола беа дело на Леутрим Таири, а пак Бесир Јусуфи погоди во 90. минута за конечни 6:0.

„Фенерџијата“ ССК Нова забележа уште еден пораз овој пат од екипата на БВК Коњаре која во Драчево допатува како голем фаворит, а фаворитската улога ја оправда со победа од 2:5. Победата беше најавена уште во првиот дел кога Ќерими и Исљам за четири минути погодија за 0:2, а потоа Зафировски намали на 1:2. До крајот на првиот дел Даути и Бакиевски погодија за 1:4 на полувреме.

Во вториот дел Пајазит постигна гол за високи 1:5, а пак Мемедовски беше стрелец на вториот гол за домаќинот за конечни 2:5.

Башкими Љуботен и Аеродром одиграа реми без погодоци (0:0) и ги поделија бодовите во меч кој се одигра во Бутел.

Беса Влазрими и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ ги поделија бодовите играјќи реми со по еден гол (1:1). Двата погодоци беа постигнати во првата фаза од мечот поточно во првата половина на првиот дел. Во 22. минута Фитим Бајрами погоди за 1:0, а четири минути подоцна Ферди Исмаиловски постигна гол за конечните 2:2.