
За неполни два месеци десет номинации за најактивни читатели има НУ УБ „Гоце Делчев“ Штип. Преставува катче за најмалите читатели, простор за повозрасните и посебно катче за студентите кои се редовни во просториите на библиотеката, а располага и со голем број на наслови достапни за сите. Директорот, Тамер Јамковски, вели посебна гордност е роднокрајното одделение кое го носи името на Шопов.
„Оваа година имаме еден нов настан, имаме десет номинации за најчитатели во делот за најмалите и повозрасните. Најмалиот беше шест години, а највозрасната беше 82 години. Има огромен фонд и на студентски книги кои може да ги користат студентите. “ – вели Јамаковски.
Речиси 15 000 активни членови, и можност книгата да пристигне поблиску до вас, преку проектот „Инфо бус“. Вработените во универзитетската библиотека преку инфобусот нудат можност книгата да пристигне до читателите од селата и руралните средини, за читатели кои не се во можност да ја посетат библиотеката. Во процес е дигитализацијата, но сепак како што вели Јамаковски поголеми се придобивките кога се зема книга во рака, отколку да се чита на компјутер на пример.
„Може да се навбават и лектири, па имаме некаде околу 8 000 активно членови кога станува збор за најмалите, и 6 000 активни членови кога станува збор за повозрасните. Најголем дел од книгите кои ги издаваме се на одделението за предшколска и основно образование.“ – додава Јамковски.
Штипската библиотека своите почетоци ги бележи од далечната 1978 година, во моментот кога великанот Ацо Шопов ги добил клучевите за да ја отвори зградата. Оттогаш до денеска работи непречено и преставува читателско катче за голем број граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет