
Над 180 учесници, 22 тима од четири града од државата денеска беа дел од шестиот Лего лига натпревар кој се одржа во спортската сала Јордан Мијалков во Штип. Подготовките започнаа во мецес ноември минатат година, а учесниците имаа за цел да направат проект од места наменети за рекреација.
„Оваа натпреварување е под капата на Обединетите нации и темите се бираат од таму. Учениците треба да направат иновативни проекти од места како рекреација, сали, спортски терени, кина и слично“ – вели Анастасов.
За првпат годинава како коорганизатор на натпреварот се јавува Електротехничкиот факултет при УГД, а учествуваа и од машинскиот факултет.
„Со сигурност можам да кажам и тврдам дека оваа година е една од најуспешните, а тоа го покажува самиот број на учесници, над 180. Овој натпревар се организира во светот во преку 120 држави“ – вели Чеќеровски.
Учесниците задоволни од организацијата, велат дека на ваков начин младите пред се децата учат да развиваат разни вештини и да учат преку забава. Децидни се дека интересот е голем од страна на младите да бидат дел и да земат учестви на ваков натпревар.
„Децата учат преку забава и игра, се учи тимска работа, комуникација, вештини, креативноста на децата.“ – велат учесниците.
Тенденција е ваквиот натпревар да прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година, со што ќе се овозможи поголема забава за децата и можност на креативен начин да научат нешто ново.
„Штип е домаќин на овој настан што само по себе го потврдува тоа дека Штип е образовен центар, а знаењето е најсилно оружје на еден човек“ – вели Јорданов.
Тимот кој ќе победи оваа година продолжува на Светско првенство од 7 до 9 јуни во САД, а дополнително уште еден тим ќе биде испратен на Националното првенство во Грција кое ќе се одржи на 9 и 10 март.
Лаура Стојанова М-Нет