
Реконструкцијата на паднатиот потпорен ѕид кај Клиничката болница Штип се очекува да започне во текот на летниот период, по координацијата меѓу болницата и Општина Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев, вели дека со градоначалникот Иван Јорданов разговарале за следните чекори и дека било договорено општината да ја спроведе постапката. Според него, веќе е направена демонтажа на оштетениот дел, како и проценка за потребните средства. Захариев посочува дека нема да се интервенира само на местото каде што се појавил дефектот, туку ќе се разгледува можноста за реконструкција на целиот потпорен ѕид. Иако договорот засега е неофицијален, директорот изрази уверување дека проектот ќе се реализира.
,,Вчера разговаравме со градоначалникот, бидјеќи во координација со Општина Штип и со градоначалникот се договоривме таа псотапка да општината Штип ја изврши. Имаат направено сумтажа, имаат некоја процена колку ќе кошта и таму има размрдување и летото ќе биде не само кај дефектот каде што е настанат, туку ќе гледаме целиот потпорен ѕид да се смени. Toa e oд вчера неофицијално што го разговаравме, но верувам дека човекот ќе го направи.“, вели Захариев
Надлежните најавуваат реконструкција на оштетениот потпорен ѕид кај Клиничката болница во Штип. Според најавите од болницата и Општина Штип, интервенцијата не би се однесувала само на оштетениот дел, туку можно е да опфати и реконструкција на целиот потпорен ѕид, со цел да се спречат нови оштетувања и да се зголеми безбедноста на овој потег.
Дајана Сандева, М-Нет