
Од направени 2960 тестирања во последните 24 часа регистрирани се 10 нови случаи на ковид 19 и тоа 5 во Скопје, 4 во Тетово и 1 во Битола, информираат од Министерството за здравство.
Откако во последните три дена немаше регистрирано починат пациент порди компликации од корона вирусот во последното деноноќие едно лице на 64 годишна возраст ја изгубило битката со невидливиот непријател.
Регистрирани се 5 оздравени пациенти .
Според информации од МЗ досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.
Лаура Стојанова М-Нет