Завршена реконструкција на неколку улици во населба „Баби“ во Општина Штип

Завршена целосната реконструкција на неколку улици во населба Баби во Општина Штип. Со ова се отстваруваат ветувањата на сегашната власт во градот под Исарот, а Штип добива епитет на модерен град и приматот центар на Источна Македонија.

„Денес во урбаната заедница населба „Баби“ во Општина Штип решаваме проблеми кои се наталожени повеќе од 30 години. Извршивме рехабилитација на улиците „6ти април“, „11ти конгрес“, „Богомилска“ и улица „Делчевска“. Вредноста на оваа инвестиција изнесува некаде околу 2 милиони“ – кажа Сашко Николов, градоначалник на Општина Штип.

Со реконструкција на улиците во град Штип се инвестира во иднината на градот, со цел штипјани да живеат во модерен и урбан град. Но, не само граѓаните во урбаните туку и оние во руралните средини. Со завршување на вакви проекти преку мисијата се реализира визијата, додаде Николов.

Лаура Стојанова М-Нет