Револтот на оризопроизводителите прикажан преку блокада на патниот правец Кочани – Штип

Денеска оризопроизводителите од кочанско го блокираат патниот правец Кочани Штип, и излегоа на закажаниот протест за да добијат оговор на нивните барања. Имено, не исплатата на субвенции која требаше да биде завршена до крајот на претходната година, многу ниската цена на арпата и белиот ориз, ненавремено пуштање вода за оваа култура ги собра земјоделците на едно место и со една единствена цел.

Производителите на белото злато својот револт го изразија преку блокада на региналниот пат Кочани – Штип, почнувајќи од општина Чешиново – Облешево, со земјоделска механизација.

Поддршка на оризопроизводителите им дадоа и тутунарите од прилепско како и пратениците од најголемата опозициска партија.

Денеска штрајкуваа оризопроизводителите од Општина Чешиново Облешево и речиси сите села од кочанскиот регион. Ставени на милост или немилост, оставени сами на себе, без никаква помош и поодржка од надлежните и Владата, доколку не им се излезе во пресрет најавуваат радикални мерки, поголеми протести, и почесто преку еден ден блокада хна региноналниот пат Кочани – Штип.

Лаура Стојанова М-Нет