Магдалена Алексовска ја освојува Њујоршката музичка сцена

Уживаме во македонската музика, уживаме во прекрасните гласови  на нашиве познати изведувачи. Една од нив е Магдалена Алексовска која не освојуваше на македонската музичка сцена и секој нејзин настап беше излив на емоции. Со песната „Плетенка“  настапи на Детската Евровизија во 2015 година. Со освоено прво место во „Карнеги хол“ – Њујорк најпрестижната музичка сала во светот. Музиката е нејзин приоритет, а секое искуство надоградба за нејзините следни успеси.       

Голем број на награди кои завршија во нејзините раце. Зачекори и на Детската Евровизија 2015 година. На прашањето кои се разликите до ден денес кога станува збор за фестивалите? Дали детската музика се негува? Изјавува, Алексовска

„Започнав сериозно да се занимавам со музика од мојот прв настап на фестивалот „Златно славејче“. Со тој настап веќе знаев дека мојот пат ќе биде музиката. Фестивалите ми помогнаа многу во музичката кариера, за мојот вокал за како да се поставам на сцена. И навистина се голем преоритет во музичката кариера“. Изјавува, Алексовска

Алексовска не запира, денес го освојува Њујорк. Моментално на студии на Вокален Перфоманс. И со најава за нова песна која ќе биде издадена  во македонска и англиска верзија.

„Да! Моментално сум во Њујорк и сум навистина задоволна од овде.На студиите е прекрасно и функционираме одлично. Работам и на мојата нова песна која треба да излезе наскоро, ќе биде издадена на македонска ианглиска верзија. Постојат и разлики кога станува збор за музичкото платно во Њујорк и Македонија? Во Македонија има отсек за класична музика, но овде можеш да одбираш многу повеќе. Па, затоа и ми се допадна во Њујорк“. Изјавува, Алексовска

Кариера во странство може да се гради посебно во Њујорк. Бидејќи, е град на многу можности и секој агол може да ти донесе среќа за да успееш. Изјавува, Алексовска

Надица Стојковска/ М Нет

Игор Зиврев/ М Нет