
Вчера со два натпревари беше отворено 23. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, а ќе биде комплетино денес со останатите натпревари. Денес се игра и големото дерби помеѓу Башкими и БВК Коњаре во Куманово, меч кој ќе го одлучи патникот во баражот во Втора лига помеѓу овие две екипи, а мега дербито ќе може гледачите на телевизија М Нет да го гледат во ЖИВО преку директен пренос со почеток од 16 часот.
Раштак ја доби голеадата со Фортуна (3:2) на домашен терен. Гостите преку Јашари први стигнаа до водство во 37. минута, а пред крајот на првиот дел Спасовски постигна гол за 1:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Атанасков си постигна автогол со што гостите одново имаа водство од 1:2.
Во 66. минута Трпковски го израмни резултатот на 2:2, а Караиванов во 82. минута погоди за конечни 3:2 и голем триумф за домашниот тим.
Башкими Љуботен и Еуромилк ГЛ ремизираа играјќи реми без погодоци (0:0) со што ги поделија и бодовите.