Дрита го доби Љуботен во меч со СЕДУМ гола, Влазерими Ј 1977 го декласираше Камјани и оди во бараж за Втора лига!

фото: архива

Вчера беа одиграни двата натпревари од 15. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад, со што остануваат уште три кола и сезоната во овој третолигашки регион ќе биде затворена.

Влазерими Ј 1977 го декласираше Камјани со високи 1:4 на домашен терен и со тоа патува во баражот кој води во Втората македонска фудбалска лига.

Натпреварот беше решен во првиот дел кога гостите имаа водство од 0:3 со голот на Кадриу и двата гола на Исмаили. Во вториот дел Абдулаху намали на 1:3 во 60. минута, а три минути подоцна Зендели постигна гол за конечни и убедливи 1:4.

Во Боговиње се одигра ефикасен меч со седум постигнати погодоци, Дрита со 4:3 славеше над Љуботен. Првиот дел заврши со водство од 2:1 за домашниот тим, кој уште во 3. минута стигна до водство со голот на Алили. Во 18. минута од мечот Билбилоски израмни на 1:1, а Алили со втор гол во 32. минута го врати водството за домашниот состав.

На стартот од второто полувреме Јовановски одново го израмни резултатот на 2:2 во 48. минута, а три минути подоцна Ајдари постигна гол за 3:2. Дрита преку Абдули во 70. минута направи двојна предност на 4:2, а пет минути подоцна Цека постигна гол за конечните 4:3.

Влазерими Ј 1977 е лидер на табелата со 30 бодови, втор е Зајази со 24 бодови и натпревар помалку, на третото место со 12 бодови е Напредок, а пак на четвртата позиција е Речица со 11 бодови.