Кој ќе ја лекува инфраструктурната сместувачка маана на инфективното одделение?

Инфективното одделение во Штип е подготвено за зимската сезона  откако минатата година ја подобрува  енергетската ефикасност на објектот и ја намали емисијата на стакленички гасови. Обновата на прозорци, врати фасада и целокупна електрична инсталација се направи со помош на средства од Европската унија  и тоа од програмата за прекугранична соработка. Познато е дека инфективното одделение  доби 230 000 евра европски пари кои се искористени за реконструкција на ова одделение кои има  болничко-сместувачки капацитети од 50 легла. Но,  одделението за инфективни болести во рамките на Клиничката болница единствено од ваков вид во регионот го преполни сопствениот капацитет. Со денешните 49 лица вкупно хоспитализирани од расположливи 50 легла, се става под знак прашање  неговото нормално функционирање. Во Штип има зголемен број на заболени од коронавирус, тоа е информација за која се молчи откако вирусот длабоко навлезе во  шптипската слободна економска зона. Големите стопански капацитет во кои работно гравитираат стотици вработени од околните општини  евидинтираат носители на коронавирусот. Бројката секојдневно расте и кај две конфекции во моментов се потврдени нови случаи на заразени вработени. Сите се пракаат дома или на болничко лекување. Реално прашањето за просторното болничко  сместување на новозаболените пациенти е болно. Кој ке ја дијагностицира и лекува инфраструктурната болничка мана на штипското здравство?Напливот на пациенти е реален и не е проблем кој може да се стави под тепих. За општото добро и со закон загарантираното право на живот и  соодветно, навремено право на лекување кое е приоритет се повеке се премолчува. Се молчи за новата инсталација на долгонајавувалите монтажни бараките кои требаше да гарантираат  сместување на зголемениот наплив на пациенти. Директорот на кочанската општа болница Александар Серафимов изјавува дека сеуште се во исчекување на проширување на инфективното одделение  во Кочани, за Проширувањето на штипското оделение сеуште нема сериозни индиции. На прагот на зимската сезона и евентуалното зголемување на потреба за болничко сместување  најверојатно ке се бара друго решение. Но какво ќе биде решението во интерес на здравјето на заболените  ке покаже сосема краткиот тајминг со кој располага раководството на штипскиот клинички центар. Болничката администрација можеби и може да си дозволи простор за калкулација, но дали на такво прологирање може да сметаат и оние на кои за зачувување на здравје и живот ке им се драгоцени  и многу кратки временски интервали?