Ракометарите на Астибо сезоната ја завршија на 12. место во Суперлигата

Заврши сзоната во ракометната Суперлига на Македонија во женска конкуренција. Екипата на Астибо од Штип оваа натпреварувачка сезона 2023/2024 ја завршија на 12-тото место со освоени 12 бодови.

Во оваа сезона во која беа одиграни 26 кола, екипата на Астибо забележа само четири победи, а притоа имаше 22 порази и освоени 12 бодови.

На овие 26 натпревари Астибо постигна 665 погодоци, а пак прими 929 погодоци. Најсветла точка за штипскиот тим беше Марија Анчева, која е најдобар стрелец за Астибо, меѓутоа и во Суперлигата, па така поголем дел од погодоците се дело на искусната Анчева.

Под Астибо завршија само екипите на Шампион кој е претпоследен со седум бодови и„фенерџијата“ Гевгелија која заврши на дното од табелата односно на 14-тото место со само три бодови на своето конто.

Шампион е Ѓорче Петров со 76 бодови на своето конто и скор од 25 победи и само едно реми.

Александар Ванев, М-Нет