
Повеќе од успешна сезона за ракометарките на Ѓорче Петров, откако „лавиците“ ја освои Суперлигата во доминантна сезона со 25 победи и само едно реми без загубен натпревар и 76 бодови на своето конто.
Избраничките на Симе Симовски имаа доминантна сезона и ги кинеа мрежите на секој натпревар, па така „лавиците“ од Ѓорче постигнаа фантастилни 1078 погодоци со што го имаат најефикасниот напад, па пак примија 530 погодоци со што ја имаат најдобрата одбрана оваа сезона.
„Лавиците“ ја одбранија шампионската титула освоена митата сезона и со тоа остануваат на врвот во македонскиот ракомет.
Вицешампион е Чаир кој заврши на второто место со 67 бодови, што за овој клуб е голем успех како и Металург Автокоманда кој заврши на третото место со ист број на бодови, а пак Вардар финишираше на четвротот место со 61 бод. Куманово сезоната ја заврши на петтото место со 57 бодови.
Претходно, Ѓорче Петров го освоија и Купот на Македонија откако во финалето убедливо го совладаа тимот на Чаир со високи 36:24, па така „лавиците“ сезоната ја заокружија со двојна титула.
Ракометарите сега треба да се подготвуваат за настапите во Европа.
Александар Ванев, М-Нет