
Заврши уште една сезона во македонскиот фудбал, откако со одигрување на бараж натпреварите се комплетираше изгледот во Првата и Втората лига, а ќе остане да се комплетира изгледот во Третата македонска фудбалска лига.
Уште една сезона во која имавте можност ексклузивно да следите натпревари преку директни преноси од Втората и Третата лига на телевизија М Нет, имавте можност да следите натпревари и од Општинската фудбалска лига или Четвртата лига, но и да следите натпревари од Првата футсал лига на Македонија.
Нашите екипи помина многу километри и бевме присутни во секој град и секое село, бевме речиси на сите стадиони во Македонија, известувавме од секој спортски настан, ги следевме екипите на нивните тренинзи и подготовки, со некои од нив бевме во моменти кога се радуваа дали за шампионски пехар или опстанок, но бевме и со некои кои со солзи во очите мораа да го прифатат поразот како дел од играта.
Телевизија М Нет и Фудбалската федерација на Македонија заокружија уште една успешна сезона преку заедничка соработка и преносите од Втората и Третата фудбалска лига, а ние како медиум им благодариме на ФФМ за одличната соработка која се надеваме ќе трае уште долго и долго.
Во пролетниот дел од оваа сезона воведовме и отворени студија пред натпреварите од Втората и Третата лига и во оваа прилика ќе им се заблагодариме на сите наши гости кои беа дел од отворените студија на телевизија М Нет. Имавме ексклузивни изјави пред и по натпреварите, детални извештаи од сите натпревари покрај од Втората и од Третата лига.
Нашите преноси беа опфатени и со коментатори и воведовме коментатори на два паралелни преноси од Втората лига, дополнително преносите беа збогатени со квалитетна графика, а во баражот за Втора лига кој го пренесувавме од Ѓорче меѓу Победа и Куманово, воведовме и статистики, па така за првпат на пренос во живо од Втора лига имаше статистика за самиот натпревар, што како медиум уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби да погодивање на Втората и Третата лига на повисоко ниво. Во рамки на последното коло од Втората лига имавме и мултипренос.
Директните преноси на телевизија М Нет од Втората и Третата лига покрај во Македонија се гледаат организирано и во дијаспората, а бројките на гледаност уште еднаш потврдуваат дека публиката сака да следи Втора и Трета лига на телевизија и ни дава целосна доверба. Имавме и имаме големи бројки на прегледи на нашите натпревари во живо, а тоа е потврда од нашите гледачи, надминавме и 1 милион прегледи само на едно видео.
Со оваа сезона уште еднаш ја потврдивме одличната соработка со ФФМ, телевизија М Нет четврта година по ред ги добива телевизиските права, а телевизија М Нет стана голем и силен бренд во спортската јавност.
За следната сезона подготвуваме многу новитети, со што вие почитувани гледачи ќе имате можност да уживате преку директни преноси од Втора и Трета лига.
Почитувани гледачи на телевизија М Нет и спортскиот канал М Нет Спорт, ви благодариме што и оваа година бевте со нас и што ни дававте поддршка и ги следевте нашите преноси. На сите клубови, спортисти и спортски работници им благодариме на соработката и се надеваме во иднина ќе имаме уште поголема соработка со сите вас.
Александар Ванев, М-Нет