
Цената на производите за зимница падната на најниско досега, велат продавачите на градскиот пазар во Кочани, но и покрај тоа побарувачката е слаба. Карфиолот денеска се нудеше по цена од 30 денари за килограм, но и покрај раздвиженоста побарувачка немаше. Празот држи цена, но бидејќи не се троши како од годините претходно, и неговата цена ќе падне. Дури не се чувствува ни дека граѓаните имаат земено пензија.
„Пазарот е слабо народ има, слабо побарувачка, еве карфилот се нуди по 30 денари за килограм ама нема веќе кој да купува“
Купувачите велат дека избор на производи има, ама истите држат и цена. Нема млади и тоа е загрижувачко за нив. Се произведува, но ќе нема кој да купува.
И на денешниот прв пазарен ден во Кочани за месец ноември, најмногу се бараа производите за зимница, а според продавачите веќе почнува и сезоната на овошјето.
Ребека Спасова М-Нет