
Долгот од ковид кризата, сметките за електирчна енергија, но и негативен сплет на околности се причините за финансиски КБ Штип стои на стаклени нозе. За три месеца сметките за струја се речиси 10 милиони денари, но дополнителен проблем е што во рок од три месеца за попрвка се три апарати, чии сервис чини повеќе од 20 милиони денари.
„Не е само ковидот и енергетската криза, некогаш и лош сплет на околности може да доведат до покачување на долговите. Во рок од три месеца трите апарати чиишто сервис е најскап, апаратот за магнетна резонанца, за географија и апаратот за компјутерска томографија влегоа во квар. Сите заедно апарати да се попрват потребни се 20 милиони денари.“ – вели Георгијев.
Сметките за струја пак за речиси исто потрошени мегават часови се со енормни разлики. Ако во јуни сметката била нешто повеќе од два милиони денари, во август доспеала со речиси пет милиони. Но, поставената рамка сѐ уште не е надмината, вели Георгијев.
„Имаме различни различни сметки зависи од ситуацијата во тие месеци колкава била цената на мегават часот, во јуни сме имале околу 2,2 милиони денари сметка за струја, а во август за приближен број киловат часови имаме скоро пет милиони денари. Непредвидливо е како се движат сметките. Предвидовме околу 50 до 55 милиони денари за струја оваа година. Сѐ уште може да ги плаќаме сметките бидејќи еве до пред крајот на годината сме, а не сме го надминале таа предвидена рамка.“ – кажа Георгијев.
Крајот на годината се и преговорите со Фондотот за здравство, за Буџетот кој треба болницата да го добие наредната календарска година. Со покачување од 40 до 50 милиони денари би се врати стабилноста на болницата, додава директорот. За 2022 година Буџетот беше 512 милиони денари од Фондодот и повеќе од 30 милиони денари сопствени средства.
Лаура Стојанова М-Нет