Радовиш со победа над Струга се одјави од Супер лигата, стружани со фокус на баражот за опстанок

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Радовиш во последното кола ја запиша првата сезонска победа, откако на домашен терен ја доби Струга со резултат од 32:29, па радовишани со победа се одјавија од Супер лигата и од следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига.

Ова беше последен меч за Радовиш како суперлигаш, но и последен меч за Славјан Паунов, искусниот 45-годишен голман стави крај на својата богата кариера, настапувајќи 15-тина години за Тиквеш, беше неколку години дел од Овче Поле, Борец Фруит Ленд и десет години во Радовиш. Крај на три децениска кариера.

Струга ќе мора преку бараж да бара опстанок во елитата, а за противник го има тимот на Младост од Богданци кој заврши на второто место во прволигашкото друштво.

Дополнително ќе биде познато на кој неутрален терен ќе се одигра натпреварот.

Александар Ванев, М-Нет