
Македонската фудбалска репрезентација денес замина за Сараево каде веќе утре од 20:30 часот ќе го одиграат пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина. Изминатите денови репрезентативците на селекторот Гоце Седлоски се подготвуваа за овој натпревар, против репрезентација која обезбеди учество на Светското првенство.
Седлоски на располагање нема да го има капитенот Енис Барди поради повреда на коленото, а во неговиот список има петмина дебитанти – Азар Омерагиќ, Дин Аломеровиќ, Дарко Анѓелески, Дарко Додев и Георгије Јанкулов.
Веднаш по овој меч ќе следува уште еден контролен натпревар против Турција, кој е закажан за 1 јуни во Истанбул, исто така против репрезентација која ќе игра на Светското првенство.
Македонија собирот го имаше на 25 мај и изминатите денови се подготвуваше за овие два пријателски натпревари.
Александар Ванев, М-Нет