Репрезентацијата на Македонија без капитенот Енис Барди на пријателските против БиХ и Турција

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди ќе ги пропушти двата пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и против Турција. Барди поради повреда на коленото нема да му се стави на располагање на селекторот Гоце Седлоски.

Инаку, Барди се појави на собирот на репрезентацијата, но откаок беа направени медицински прегледи беше констатирано дека не е во можност да биде на располагање на селекторот Седлоски за овие два пријателски натпревари.

Инаку, веќе утре се игра првиот пријателски натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево, а пак на 1 јуни следува мечот со Турција во Истанбул.

Ова ќе биде одлична можност за селекторот Седлоски да ја провери формата на репрезентативците против репрезентации кои обезбедија учество на Светското првенство.

Александар Ванев, М-Нет