
Вицешампионот Силекс и третопласираниот Работнички од претходната сезона обезбедија излез во Европа и оваа лето ќе играат во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА:
Двете екипи веќе ги започнаа подготовките и го кројат ростерот за новата сезона, со задржување на играчи и промоција на нови засилувања, со цел подигање на квалитетот во своите редовите.
Двете екипи договорија два меѓусебни пријателски натпревари преку кои ќе ја проверуваат формата за новата сезона во ПМФЛ, но и за Европа.
Веќе утре ќе се одигра првиот пријателски меч, кој е закажан за во Кратово, а пак на 21 јуни ќе се одигра вториот пријателски меч, а ќе се игра во Скопје.
Покрај овие две екипи, излез во Европа обезбеди и шампионот Шкендија и Вардар, како освојувач на Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет