Како ќе изгледа ракометната Суперлига на Македонија во сезона 2025/2026?

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Со одигрување на баражот меѓу Струга и Мулти Есенс се спушти завесата во ракометната Суперлига на Македонија за сезона 2024/2025, а со тоа се познати сите екипи кои ќе бидат дел од ракометната елита за следната 2025/2026 сезона.

И во новата сезона 12 екипи ќе се натпреваруваат, а тоа ќе биде шампионот Еурофарм Пелистер, кој ќе ја брани титулата, откако битолскиот тим веќе направи хет-трик со освојување на три титули во низа, потоа Вардар, кој е освојувач на Купот на Македонија, Алкалоид, кој има европска титула од оваа сезона, Охрид, кој обезбеди излез во Европа, Тиквеш, Бутел, Пролет, Куманово, Прилеп, Радовиш, Струга која преку бараж обезбеди опстанок и екипата на Еурофарм Пелистер 2 која се врати по една година експресно во ракометната елита на Македонија.

И во новата сезона останува истиот концепт на натпреварување, првите шест одат во плеј-оф каде ќе се разигрува за титула и излез во Европа, а пак вторите шест во плеј-аутот ќе разигруваат за опстанок. Како што е познато последниот директно испаѓање, а претпоследниот игра бараж за опстанок со вториот од Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет