Работа во интерес на граѓаните очекуваат штипјани од новиот градоначалник

Пред два дена завршија предвремените избори за градоначалник во Општина Штип. Фер, нефер, демократски или не, тие завршија. Не престануваат, сеуште обвинувањата од страна на опозициската ВМРО ДПМНЕ, не изостануваат и одговорите од Владејачката страна. Како и да е, од анкетата која ја направивме во Општина Штип, на сеуште не официјалното прогласување на д-р. Сашко Николов за градоначалник, бидејќи има освоено најмногу гласови, штипјани очекуваат позитивен пресврт во нивниот град. Тие го поддржуваат доктор Николов, бидејќи и претходно тој доста им помагал на граѓаните на Општина Штип, а воедно и придонел за градот под Исарот. Доколку официјално биде прогласен за градоначалник, штипјани очекуваат почитивен придонес од него за нивниот град. Од официјалните резултати кои беа соопштени од Државната изборна комисија, д-р. Сашко Николов ја добил довербата од 80.31% од граѓаните на Општина Штип. Неправилности поголеми немаше, со мали исклучоци, а прогласувањето на новиот градоначалник на градот под Исарот сеуште официјално се очекува.

Лаура Стојанова М-Нет