
На денешната владина седница, прифатен е предлогот на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на угостителите, односно од 18 декември годинава, до 20 јануари на полноќ наредната година, да се работи до 18 часот наместо до 21часот како што се работи сега. Мерката носи име „Празнувај одговорно“ а се однесува на заштита од Ковид – 19. Од комисијата за заразни болести се препорачува и забрана за славење на новогодишната ноќ на плоштадите ширум државата, како и забрана за организирање на предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, а има и јанси препораки до верските заедници, до работните организации и Општините, како и рестораните во хотелските објекти, истакна во видео обраќањето премиерот Зоран Заев.
Лаура Стојанова М-Нет