Протоколи за на плажи и базени за време на викендот

Министерството за здравство, поточно Министерот Венко Филипче на својот Фејсбук профил истакна дека со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата за време на продолжениот викенд, со цел да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски, најважно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ.

Пред се` да се носи заштитна маска на лицето, да се држи физичка дистанца и често да се мијат рацете. Според протоколите бројот на посетители на плажа треба да е ограничен до максимум 15 посетители на 100 м².

Потоа, меѓу поставените чадори задолжително да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори, а лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба;
Соблекувалните да се чистат и дезинфицираат на секои два часа (по потреба и почесто).
Во однос на работата на базените, пред билетарите задолжително да се обележи растојание од 1,5 до 2 метра, да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.
При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Од министерството известуваат дека во текот на празничниот викенд, сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена услуга ќе може да се обратат во најблискиот здравствен дом, каде е обезбедена 24 часовна покриеност со екипи од Итната медицинска помош и домашна посета.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк