Почина штипјанецот кој се запали во неговиот стан

Почина штипјанецот кој минатата недела се здоби со висок степен изгореници.

Имено, пред точно седум дена, откако избил пожар во неговиот стан во центарот на Штип,  бил хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде биле констатирани изгореници од висок степен на градите и стомакот.

Откако во Штип му била укажана итна медицинска помош, со амбулантна кола е однесен во Скопје, каде им подлегнал на повредите.