Проект како шампион, а Јувентус Серава како второпласиран се вратија во Првата футсал лига

Заврши сезоната во Втората футсал лига на Македонија, откако овој викенд се одигра последното 26. коло.

Шампион во Втората футсал лига на Македонија е екипата на Проект која освои 69 бодови и забележа скор од 23 победи и три порази. Проект е повратник во Првата лига, откако една сезона помина во Втората лига.

Екипата на Јувентус Серава заврши на второто место на табелатa со 58 бодови на своето конто, па и оваа екипа по една година се враќа во футсал елитата на Македонија.

Ова значи дека за следната сезона ги имаме сите екипи кои ќе настапуваат во Првата футсал лига. Од елитата испаднаа Овче Поле и Каршиака.

Во следната сезона во Првата футсал лига ќе настапуваат шампионот Форца, Шкупи, Клими од Кавадарци, Осогово од Крива Паланка, Железарец, Бутел, Црна Река од Кавадарци, велешки Кеги Моби и повратницити Проект и Јувентус Серава.

Александар Ванев, М-Нет