Радовиш со големата победа над Јехона е на чекор до баражот за Суперлигата

ФОТО: Телевизија М Нет

Ракометарите на Радовиш со убедливи 48:24 триумфираа над Јехона на домашен терен во рамки на 12. коло од плеј-офот од Првата ракометна лига, со што радовишани прават сега чекор напред кон потврдување на второто место кое води кон баражот за Суперлигата.

По натпреварот изјава за телевизија М Нет даде младиот ракометар Костадин Ѓоргиев кој беше задоволен од одиграното.

Пред радовишани остануваат уште два натпревари. Во следното коло ќе гостуваат кај Драчево во Скопје, а тоа за нив ќе биде незгодно гостување, а во последното коло ќе играат дома против „фенерџијата“ Шампион. Нивниот конкурент Младост од Богданци ќе гостува во Велес кај непоразениот лидер Бисинов, а потоа ќе играат против Македонија ЃП.

Александар Ванев, М-Нет