Младите фудбалери на АП Брера Струмица со прво и трето место на меѓународен турнир во Швајцарија

Младите надежи на АП Брера Струмица родени генерација 2009 и 2011 изминатите три дена учествуваа на Меѓународниот турнир „Трофео Локарно“ во Швајцарија и во Македонија се враќаат со големи резултати.

Со генерација 2011 АП Брера Струмица го освои високото трето место, откако во полуфиналето загуби на пенали, но од оваа генерација Васко Христов беше најдобар голман на турнирот.

Со генерација 2009 АП Брера Струмица стана шампион и заслужено го освои првото место, каде што младите надежи на струмичкиот прволигаш одлично го одиграа целиот турнир, а дополнително го имаат и најдобриот играч на турнирот Антонио Стаклески. Во финалето АП Брера Струмица со 2:0 славеше над Локарно.

Одличен прием и пречек младите фудбалери предводено од тренерот Васко Тодоров и координаторот штипјанецот Борче Постолов, во Швајцарија, каде ги пречекаа македонскиот семејства коишто живеат во Швајцарија и им беа поддршка на младите фудбалери на АП Брера Струмица тие три дена.

Децата на верната публика возвратија со одлични резултати и одлично претставување на Македонија во Швајцарија.

Александар Ванев, М-Нет