
Три градежни парцели во месноста Плуждино ќе се продаваат преку јавно наддавање. Општина Штип ја објави втората постапка за нивно отуѓување. Две од парцелите се со намена за лесна и незагадувачка индустрија, додека една со намена за стоваршите. Како што истакна секретарот на општината Вишна Шорова Ангелова, парцелите се со различна големина, од 6.800 до околу 65 илјади квадратни метри.
,,Во тек е втората објава, која што се однесува на отуѓување градежно земјиште по пат јавно наддавање на територијата на Општина Штип. Се работи за три градежни парцели, кои што се наоѓаат во место викано Плуждино и овие градежни парцели се со намена индустрија, или поточно две од нив се со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, додека една од нив е со намена Г3 или поточно стовариште. Овие градежни парцели се со различни површини , најголемата е со 65.000 м2, додека најмалата од нив е со површина од 6800 м2.“, кажа Шорова-Ангелова
Секоја од парцелите овозможува изградба на приземни објекти со максимална висина до осум метри. Јавниот повик е отворен до 18 мај, а деталните услови се достапни на веб-страницата на Општина Штип и на платформата за отуѓување градежно земјиште.
,,Секоја од нив има можност за градење приземје, при што објектите, не смеат да имаат височина повече од осум метри. Сите оние кои што се заинтересирани за оваа објава, ќе имаат можност да ги погледат дополнителните услови на страницата на Општина Штип, а се работи и на официјалната страница за отуѓување градежно земјиште. Сакам да истакнам дека oваа објава ќе трае до 18 мај.“, додава Шорова-Ангелова
Како што потенцираше Шорова-Ангелова, објавата ќе трае до 18 мај, а заинтересираните ќе имаат можност да ја подигнат целовкупната документација и да ги погледат деталите на страницата на општината и на официјалната
Иван Митев, М-Нет