
Променливо обкачно време со сончеви периоди не очекува за први Мај. Како што истакна Цветковска Атанасова ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во опаѓање, при што утринските на места ќе се спуштат и под нулата. Ваквото променливо време е предвидено да се задржи до крајот на неделата. Претходно, утре се очекува облачно и постудено време со пообилни врнежи, особено во источните делови, како и снег на планините.
„Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнеши од дожд кои во источните делови од државата ќе бидат пообилни, од 15 до 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постуден воздух на Север, врнежите од дожд на планините ќе преминат во врнежи од снег, ќе дува умерен до засилен ветер од Северен правец кои во источните делови ќе надминува брзина од 60км на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени, а максималната од 10 до 17 степени. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе има услови и за повремении врнежи од дожд, ќе дува умерен до засилен ветер од Северен правец, температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под 0. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.“- Марија Цветковска, Атанасова, дежурен синоптичар
Како што истакна Марија Цветковска Атанасова, од понеделник се очекува стабилизирање на временските услови. Ќе има постепено намалување на облачноста и пораст на дневната температура, што ќе донесе потопло и попријатно време.
И покрај променливото време, со соодветна облека и планирање, празничниот ден може да се искористи за престој во природа и традиционални првомајски излети.
Дајана Сандева, М-Нет