Прифатена иницијативата улицата „20“ во Берово да го носи името на пожарникарот „Жан Кофол“

Иницијативата улицата „20“ од населба Ширината во Берово да го носи името на пожарникарт Жан Кофол денеска помина на седница на Советот на Општина Берово. Едногласно советниците ја прифатија иницијативата на третата седница на советот, потврди за М-Нет градоначалникот на Берово, Звонко Пеќески. Со ова Берово на еден начин ќе му се оддолжи на прерано загинатиот словенечки пожарникар Жан Кофол кој учествуваше во гаснењето на пожарите кој летово беснееа во Малешевијата.

„По повод трагичната смрт на младиот пожарникар Жан Кофол, кој беше дел од пожарникарите спасувачи со огнената стихија на подрачјето Берово, Пехчево. Значи во негова чест општината отпочна постапка за именување на улица, која ке го носи неговото име. Иницијативата беше започната уште пред локалните избори меѓутоа согласно изборните ограничувања, истста продолжи по изборите. На денешната трета седмица на Општината, едногласно од советниците на општината беше прифатена иницијативата и постапката беше продолжена согласно закон, за да може истата улица да биде приименувана. Станува збор за улицата 20 во населбата Ширината, која веке со програмата за локални патишта улицата 2021 година е предвидена за реконструкција и за кратко време ке биде отпочната со реконструкција.

Жан Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близината на Нова Горица на 28 септември, еден ден пред неговиот 20-ти роденден. Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гасењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево.

Лаура Стојанова М-Нет