
Зголемен бројот на хоспитализирани ковид пациенти во штипската болница споредбено со вчера покажува последниот извештај од болницата. Во последните 24 часа новопримени се шест пациенти, испишан нема ниту еден. Со ова бројот на хоспитализирани ковид пациенти е 40 од кои 39 на Инфективното одделение и еден на Кожното, како и две лица на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 32 лица имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење. Нема регистрирано починати пациенти, а слободни се 30 кревети за ковид пациентите, 21 на Инфективното одделение девт на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница хоспитализирани се девет пациенти на Интерното одделение кое работи како Ковид оддел. Од нив четири се вакцинирани, тројца се на кислородна поддршка. Во изминатото деноноќие испишан е еден пациент, новопримени нема, нема ниту починати лица. Слободни се 18 кревети, информираат од болницата.
Бројот на активни ковид случаи во Општините од Истокот е 715, од кои најмногу во Кочани 181, во Штип 177 и во Делчево 133. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена, освен во Пехчево каде има активни 9 ковид случаи.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.
Лаура Стојанова М-Нет