Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски денеска во швајцарски Нион, во седиштето на УЕФА, одржаа работен состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Национални асоцијации на УЕФА, Зоран Лаковиќ.
На овој мошне срдечен состанок се разгледаа повеќе актуелни прашања повзани со фудбалот особено и по најголемиот успех на македонската репрезентација со историски првиот пласман на едно Европско првенство
Раководството на УЕФА и претседателот Александар Чеферин сметаат дека успехот и напредокот на ФФМ под водство на Муамед Сејдини е исклучително значаен а за текот на состанокот изворни пренесуваме од објавата на ФФМ.
– Претседателот Чеферин и УЕФА цврсто веруваат во нашата стратегија и искрено нѐ поддржуваат. Успесите се резултат и на доброто раководење и грижата за македонскиот фудбал.
Упатените топли зборови за успехот на нашата репрезентација и пласманот на Европското првенство претставува гордост за нас и ни дава дополнителна енергија и ентузијазам во пресрет на натпреварите од ЕУРО 2020.
Исто така, за нас е многу значајно што УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборното собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание.
Во изборот на ново раководство на ФФМ не може да влијае ниту УЕФА ниту ФИФА, како што не може да влијае ниту политиката. Тоа би било спротивно на статутите.
Нашата федерација ќе продолжи да го дава својот придонес во сегашните и идните проекти на УЕФА, кој се секогаш усмерени во корист на европскиот фудбал. Благодарност до претседателот Чеферин пред сѐ затоа што го штити и развива фудбалот. На тој пат секогаш ќе ја има нашата поддршка, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.
Двајцата претседатели разговараа за инфраструктурните проекти, како и за различни иницијативи за развој на младинскиот фудбал како заложба на ФФМ за постигнување нови големи резултати на европски план.
– Јас сум воодушевен од големите чекори што Фудбалската федерација на Македонија ги направи во последните години под водство на Муамед Сејдини. Навистина како држава почнавте да ги бележите сите придобивки од вашите заложби во последните години – од пласманот на репрезентацијата до 21 година на Европското првенство во Полска 2017 година, па до А репрезентацијата која се пласираше на завршниот трунир за прв пат во историјата, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Помошта од Хет Трик програмата на УЕФА и овозможи на Фудбалската федерација на Македонија да изгради бројни терени низ целата земја, а се формираше и создаде фудбалската академија која е многу значајна за развој на младинскиот фудбал и националните репрезентации. Со поддршка од УЕФА имплементирана е и програма за да им се помогне на тренерите на националните тимови на сите нивоа.
Како дел од Хет – Трик програмата е и изградбата на западната трибина во Штип на која конечно навивачите и пријателите на фудбалски Штип ќе можат удобно и современо да присуствуваат на фудбалски натпревари. Во случај кога годинава ФК Брегалница ќе слави јубилеј 100 години од формирањето на клубот 1921 – 2021 г. ова ќе дојде како една вредна награда и подарок за подобра фудбалска иднина на Штип и на цела источна Македонија за постојано следење на квалитетни натпревари како и организирање на значајни меѓународни спектакли. Наша екипа на Мнет ТВ неодамна направи ексклузивно интервју со претседателот Муамед Сејдини на кое интервју тој даде опширни информации поврзани со фудбалски Штип и особено со популаризација на младинските категории кои се иднината на македонскиот фудбал.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk