Прегазена возрасна жена во Делчево, со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничка болница Штип

На 08.02.2021 во 12,40 часот во Делчево на ул.„Методија Митевски Брицо“, патничко моторно возило „рено“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33) од с. Драмче, делчевско удрило во Б.С.(71) од Делчево. Во незгодата Б.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клинички центар – Штип за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.