Прекинати договорите за работа на 13 вработени во ЈП „Стипион“

Почетокот на новата година за дел од вработените во ЈП Стипион започна со не придолжување на договорите за работа. Имено од 15 вработени преку Агенцијата за вработување, на 13 истите не им се продолжени. За дел причината е што тие самите не сакале да продолжат со работа, другиот дел не ги исполнуваат критеримуите за работа на новиот вд директор Игор Ефтимов.

„Во едно гостување токму во ваша емисија кажав дека на сите вработени кои се вработени преку Агенцијата за вработување ќе се прави анализа дали заслужуваат да им се продолжат договорите. Имав 15 вработени преку Агенцијата од кои двајца веднаш поднесоа изјава за предвремено раскинување на договорот, на една вработена и понудивме да и биде продолжен договорот таа не сакаше и на двајца договорите се продолжени. Имаше и две работни места кои што народски кажано „Клати врата, земи плата“. Секој вработен треба да си ја работи работата како што треба“ – кажа Ефтимов.

Ефтимов во оваа прилика истакна дека на тие места најверојатно че се примаат нови вработени, но истите ќе бидат со договор на дело во траење од еден месец. Треба да заслужат, за да продолжат да работат во ова јавно претпријатие.

Местата кои сега останаа празни во ова јавно претпријатие се пред се за општи работници, градежни работници и бравари.

Лаура Стојанова М-Нет