
Топлото и невообичаено време за овој период од годината придонесе штипјани да го искористат за прошетка. Парковите, улиците, централното градско подрачје беше полно со граѓани кои излегле да го искористат сонцето два дена по Нова година. На терен беше и екипата на М-Нет. Анкетираните граѓани велат дека времето асоцира на пролет, а не на Нова година. Колку е добро за нив, истото толку влијае и негативно.
„Времето потсетува на пролет и делува многу на нас. Со годините не е било толку топло како оваа година.“
„Па не, не е било вака. Чудно е малку, порано имаше и снежна покривка. Осетеме, како не, чудно е.“
За Новата година анкетираните штипјани истакнаа дека ја поминале во домашни услови во кругот на потесното семејство. Но атмосферата и подготовките кои ги имало од годините наназад сега се само историја.
Приказната ќе биде иста и за божкните празници, согласни се штипјани. Велат, на трпезата ќе има колку што дозволуваат условите, но сепак се надеваат на подобра година споредбено со минатата.
Лаура Стојанова М-Нет