
Уште само три кола остануваат за надеж на неколку македонски фудбалски екипи за фаќање на сламка на спасот која значи зачувување на прволигашкиот статус. Тимот на Беласица веќе одамна е отпишан а за „голиот“прволигашки живот ќе се борат Вардар, Ренова, Академија Пандев, Силекс и Борец или во превод половина прволигашки екипи. Веќе во сабота следува ново коло во кое најинтересно би требало да биде во Скопје на мечот Вардар – Работнички и секако во Кратово каде што ќе се сретнат Силекс и Борец. Еве ги комплетните натпревари за ова 31 коло:
- Пелистер – А. Пандев
- Ренова – Беласица
- Шкендија – Струга ТЛ
- Шкупи – Македонија ЃП
- Силекс – Борец
- Вардар – Работнички
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 1 мај 2021 г. со почеток во 13.00 часот без присуство на пиблика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk