Нови тестови и нов Второлигашки термин, мечот Брегалница – Кожув наместо во петок ќе се одигра во сабота

Штотука пристигна најновата одлука со која се поместуваат натпреварите во Првата и двете Втори фудбалски лиги на Македонија. Утре, четврток сите овие екипи треба да извршат ново тестирање а разултатите се очекува да се дознаат во петок. Од тие причините сите натпревари во Втората лига 25 коло кои беа предвидени да се одиграат во петок се поместуваат и ќе се одиграат во нов термин и тоа во сабота 1 мај со почеток во 13.00 часот. Па така и натпреварот на градскиот стадион во Штип помеѓу екипите на Брегалница и Кожув ќе се одигра во сабота со директен пренос на нашата Мнет телевизија и на каналот Мнет Спорт. Оваа одлука се однесува и за прволигашките екипи кои ќе ги одиграат натпреварите од 31 коло исто така во сабота со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk