Празни тезги, слаба раздвиженост и продавачи кои се бројат на рака, вака беше денешниот пазар во Штип

Празни тезги, слаба раздвиженост, продавачи, кои се бројат на рака, ваква беше ситуацијата на денешниот пазар во Штип. И оние кои денес излегоа да купат што им треба велат дека, излегле колку да не се дома, да купат само нешто минимално. За М-Нет телевизија истакнаа дека намирници сеуште имаат од претходниот петок, бидејќи се купуваше во поголема количина за предстојниот празник Божик.

Продавачите велат дека цените се складни, но сепак слабата развдиженост и за нив претставуваше проблем, бидејќи покрај што ќе си ги вратат производите дома, ќе останат со непокриени трошоци од овој пазарен ден.

Инаку, денес од оние што денес излегоа најмногу се бараше овошјето, особено кивите кои се особено актуелни за периодов. Се бараа и мандарините кои граѓаните како што велат ги користат за да се освежат во зимниот период.

Лаура Стојанова, М-Нет