
Расте побарувачката на станови во Штип, ама расте и нивната цена. Купуваат и странски и домашни државјани, како и иселениците во странство, но и за едните и другите цената е скапа, особено за оние кои остануваат овде. Анкетираните граѓани велат дека ваквата ситуација не е во ред и потребно е да се врши контрола од надлежните. Истакнуваат дека не може тоа ако еден стан во груби пресметки чини 20 000 трошок, тие да го продаваат над 50 000 евра.
Анкетираните велат дека масовното мигрирање на студентите од Турција во државава и поголемата побарувачка се причини за да цените растат се погоре и погоре
Во согласност со ситуацијата, на повеќе локации во Штип се градат станбени објекти, а дека побарувачка расте, докажува фактот дека и понатаму се планирани нови локации за изградба на нови станбни згради.
Лаура Стојанова, М-Нет